Фудбалерот на Хрватска, Матео Ковачиќ покажа неверојатен процент на точност во натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Исланд (2:1).

Тој синоќа на дуелот одигран во Рост на Дон, имаше 79 додавања и сите беа точни. Фудбалерот на Реал со својата 100 процентна точност имаше голем придонес во средниот ред на „коцкестите“.

Ковачиќ беше во стартниот состав и беше заменет на 81. минута од средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 10:38