Доскорешниот кошаркар на литванскиот прволигаш Невезис, Лестер Медфорд (25 години) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште една сезона.
- Станува збор за брз и продорен плејмејкер, чија задача ќе биде организација на играта на тимот од „Јане Сандански“ во претстојната сезона во која ќе се атакува на трофеите во двете домашни натпреварувања, како и на висок пласман во АБА2-лигата. Медфорд во Литванија одигра 26 средби на домашна сцена со просек од 12,8 поени, 2,8 скока и 3,5 асистенции додека беше далеку поефикасен во ФИБА Еврокупот, каде што на шест меча просечно реализираше 16,5 поени, 2,5 скокови и 3,7 асистенции, објави клубот од Аеродром на својот сајт.
Во текот на својата кариера Медфорд настапуваше и за Женева Лајонс (Швајцарија), Фалко Шомбатели (Унгарија), Индијан Хилс и Бејлор Беарс (САД).
Тој второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во текот на летниот преоден рок, по повратникот Љубомир Младеновски, а е четврти потврден кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов, заедно со Дарко Соколов и Андреј Маслинко.