„Самсунг“ ќе го претстави следниот модел од серијата „Галакси ноут“ (Galaxy Note) на деветти август, потврдија официјално од компанијата. Настанот ќе се одржи во Њујорк, но како и обично ќе може да го следи секој што сака во живо, преку видео-стриминг на веб-страницата на компанијата или на ЈуТјуб.
Во поканата не се споменува името на „Галакси ноут 9“, но наместо тоа се наведува дека компанијата ќе го претстави следниот модел во премиум серијата Галакси.
Во видеото се гледа електронското пенкало „С Пен“ (S Pen), а тоа доволно кажува што ќе видиме на 9 август. По распоред, уредот помина низ сертификација на веб-страницата на американската ФЦЦ, така што се е подготвено за продажба на новиот модел.
Од „Галакси ноут 9“ очекуваме „Снепдрегон 845“ (Snapdragon 845) или еквивалентен модел „Ексинос“ (Exynos), дисплеј со дијагонала 6.38 инчи и подобрена двојна камера. Најверојатно ќе видиме и значајни подобрувања во работата на „С Пен“, што се сугерира од централната улога на иглата во видеото од поканата.