Македонската кошаркарска репрезентацијата до 20 години од Тиват ќе се врати со два пораза, откако денес загуби и од домаќинот на овој мини турнир - Црна Гора.
Избраниците на Никола Василев синоќа запиша пораз од 91:51 од репрезентацијата на Русија, а денес загубија од Црна Гора со 77:53.
Следен предизвик за „црвено-жолтите“ ќе биде двомеч со Бугарија во Софија пред почетокот на Европското првенство (Дивизија Б) кое ќе започне на 13 јули.