Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус, за прв фаворит за трофејот на фудбалскиот Мундијал во Русија го смета Бразил.

- Имаат одлични играчи. Овој тим го следам внимателно две години. Бразилците имаат и одличен тренер кој практикува добар систем. Играат дисциплинирано во одбраната, многу се брзи во нападот, а секако имаат и долга клупа, вели истакна Матеус.

Запрашан за ефикасноста и кого го гледа на крајот на шампионатот со најмногу голови, Матеус прогнозира дека тоа ќе биде Хари Кејн од Англија.

- Кејн е многу добар, работи за тимот. Мислам дека еден од кандидатите за титулата најдобар стрелец.

Бразил во осминафиналето ќе игра со Мексико на 2 јули, додека Англија својот ривал за елиминациската фаза ќе го дознае вечер по завршувањето на групната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 15:09