Ванеса Паради, поранешната невенчана сопруга на Џони Деп, ја пропуштила премиерата на нејзиниот нов филм „A Knife In The Heart“ во Париз, оти нивниот син Џек (16), бил многу болен. 3асега, не се открива за што точно се работи, јави „Дејли Меил“.
- 3а жал, Ванеса не можеше да ни се придружи вечерва на премиерата. Таа мораше да отпатува оти нејзиниот син има сериозни проблеми со здравјето, изјави синоќа Јан Гонзалес, режисер на филмот.
Паради и Деп никогаш не стапија во брак, но пред да се разделат во 2012 година беа заедно 14 години. Освен Џек, тие имаат и постара ќерка - Лили Роуз Деп.