Лекарот на бразилската репрезентација изјави дека душекот на креветот во хотелот е најверојатно причина за проблемите со грбот на фудбалерот Марсело Виеира да Силва Жуниор познат како Марсело.

Бразилскиот фудбалер мораше да го напушти натпреварот со Србија, а како причина беше наведено дека тој има силни болки во грбот.

Лекарот Родриго Ласмар изјави дека оптимист и Марсело ќе биде подготвен да настапи на осминафиналниот натпревар против Мексико.

- Марсело е под терапија, која би требало да му помогне да игра. Најважно е што нема повреда и станува збор само грчеви на мускулите. Штом ќе почне да тренира, ќе може и да игра, истакна лекарот.

Бразил ќе игра против Мексико в понеделник на втори јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 19:22