Селeкторот на Сенегал, Алиу Сисе, изјави дека се гордее со своите играчи и покрај тоа што беа елиминирани во групната фаза на Светското првенство во Русија.
Сисе потенцира дека не сака да бара алиби во правилата на натпреварувањето, а Сенегал по поразот од Колумбија со четири бодови се најдe на третото место од табелата без пласман за осминафинале.
Јапонија и Сенегал имаат ист број на бодови по четири, како и иста гол разлика, но поради разликата во жолти картони (Сенегалците имаат шест, Јапонците четири), јапонската репрезентација е втора и продолжува на Мундијалот.
- Се гордеам со тимот и се што направи. Не се пласиравме затоa што не заслуживме. Таков е животот. Правилото за фер-плеј е воспоставено и мора да се почитува. Сигурно е дека посакувавме да бидеме елиминирани на друг начин, но бевме свесни и за оваа можност, истакна сенегалскиот селектор.
Тој нагласува дека е разочаран поради оваа генерација, која чесно се борела за својата земја, но дека во иднина ги очекуваат добри работи.
Со елиминацијата на Сенегал, африканскиот континент остана без претставник во осминафиналето за првпат од 1982 година.