Тунис ја совлада Панама сo 2:1 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

За Тунис ова е прва победа на Мундијалот и освен почесните три бодови немаше значење за понатамошниот пласман. Тунижаните како третопласирани заминуваат од Мундијалот, а Панама е последна без бодови.

Во првото полувреме Панама поведе во 33-та минута со автоголот на тунискиот фудбалер Јасин Мерија, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел Тунис успеа да направи целосен пресврт и во 51-та минута Бен Јусеф израмни на 1:1, а Вахби Казри во 66-та минута беше прецизен за победа од 2:1.

Панама во 73-та минта беше во ситуација да израмни на 2:2 по голот на Едгар Барценас, но главниот судија го поништи погодокот поради прекршок.

На вториот натпревар од оваа група, Белгија со минимални 1:0 ја совлада Англија.

Со оваа победа Белгија има девет бодови и е на врвот од табелата, а Англија е второпласирана со шест.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 01:15