Познати се сите осминафинални двојки на Светското првенство 2018 по одигрувањето на вчерашните натпревари.
Големото дерби е меѓу Франција и Аргентина, додека натпреварот Уругвај - Португалија се очекува, исто така, да понуди многу возбудувања.
Двојки за осминафинале на СП 2018:
30 јуни: Уругвај - Португалија (Сочи) Франција - Аргентина (Казан)
1 јули: Шпанија - Русија (Москва) Хрватска - Данска (Нижни Новгород)
2 јули: Бразил - Мексико (Самара) Белгија - Јапонија (Ростов на Дон)
3 јули: Шведска - Швајцарија (Санкт Петербург) Колумбија - Англија (Москва).