Легендарниот голман на Германија, Оливер Кан смета дека Месут Озил и Сами Кедира биле најслаби во германската репрезентација. Во изјава за весникот „Сан“, поранешниот голман на Баерн Минхен не сака да навлезе во детални анализи за неуспехот на тимот, но се претпоставува дека има врска и со ниското ниво на Бундеслигата во последните години.

- За мене најголемите разочарувања се покажаа Кедира и Озил. Во првата средба беа незабележителни, а во втората ги оставија на клупата, за да се исплашат малку. Во средата повторно им се даде шанса, но ниту еден од нив не ја искористи. Кедира и Озил се двајца од најискусните во овој тим, но тие беа неуспешни по многу показатели, вели Кан.

Поранешниот голман на Баварците смета дека една од причините за ниското ниво на репрезентацијата е и се послабата Бундеслига.

- Во моментов пред Германскиот фудбалски сојуз има доволно работа. Треба да се утврди на какви фудбалери ќе се потпира во иднина. Веројатно една од причините за ниското ниво на националниот тим е и се послабото ниво на Бундеслигата. И ако претходно сме сакале да се мериме како ниво на шампионатот со Примера и англиската Премиер лига, сега сметам дека отстапуваме, во однос на играта, и од француската Лига 1. Од големите пет првенства само Италија е зад нас, додава Кан за англискиот таблоид.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 11:43