Во Виена денеска се одржа ждрепката за новата сезона во женската ракометна Лига на шампиони.

Екипата на Ѓер ја брани титулата од оваа година, додека натпреварувањето во новата сезона остана без македонски претставник, откако ЖРК Вардар се повлече и нема да учествува, по пет настапи по ред и пласман во две финалиња.

Ждрепка за групната фаза на ЛШ:

Група А: Будуќност, Мец, Одензе, Ларвик

Група Б: Ростов Дон, Копенхагем, Савехоф Брест

Група Ц: Ѓер, Турингер, Крим, квалификант 2

Група Д: ЧСМ Букурешт, Кристијанштад, ФТЦ, квалификант 1.

Последните двете места, кои ќе се пополнат по квалификациските турнири, ќе се играат на 7 и 8 септември.

Групната фаза на женската ЛШ започнува од 5 до 7 октомври.

Ф4 оваа сеозна ќе се игра во „Ласло Пап Арена“ во Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 14:09