Најпознатиот шпански навивач Маноло на следниот натпревар ќе може да го внесе барабанот на стадион, откако ФИФА одлучи да му дозволи.

На претходните натпревари на Мундијалот во Русија тоа не му беше дозволено, па Маноло за внесување на препознатливиот реквизит побара помош од медиумите, руските власти, па дури и лично од претседателот на Русија, Владимир Путин.

Проблемот беше решен откако редакцијата на шпанскиот спортски весник „Марка“ побара помош од функционерот на ФИФА, Мигел Маседо, кој неколку часа подоцна го повикал Маноло и му рекол дека може да го внесе барабанот на стадион.

Маноло ја следи шпанската репрезентација на десет светски првенства, а првпат во Русија му беше забрането да го внесува барабанот на стадионот поради безбедносните мерки.

Шпанија во осминафиналето ќе игра на први јули против Русија, а на стадионот „Лужники“ во Москва се очекуваат околу 3.000 шпански навивачи меѓу кои и Маноло со барабанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 01:51