Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, сака да ја подготви неговата екипа за сите опции пред осминафиналниот натпревар против Франција.

Аргентинската репрезентација во групната фаза прикажа игра под очекувањата, а тројцата голмани Франко Армани, Вили Кабаљеро и Нахуел Гузман пред денешниот тренинг на барање на селекторот бранеа пенали.

На тренингот се појави и Енцо Перез, кој вежбаше со остатокот на екипата иако е полесно повреден.

Аргентина во осминафиналето ќе се соочи со Франција, а натпреварот се игра во терминот од 16:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 14:47