Репрезентацијата на Франција се пласира помеѓу осумте најдобри на Светското фудбалско првенство во Русија, откако попладнево ја победи Аргентина со 4:3.

Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал. Покрај него за Французите погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.

Головите за Аргентина ги дадоа Анхел ди Мариа, Меркадо и Серхио Агуеро.

Во 1/4 финалето Франција ќе игра в петок (6 јули), во Нижни Новгород со победникот од средбата Уругвај – Португалија закажана за вечер во 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 22:30