Дидие Дешам на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Аргентина по 80. пат ја предводеше француската фудбалска репрезентација и со тоа постави нов рекорд.

Капитенот на „триколорите“ од Мундијалот 1998 година и ЕП 2000, репрезентацијата ја презема во 2012 година.

Претходниот рекордер Рајмон Доменек селекторската функција ја вршеше 79 натпревари, трет на оваа листа е Мишел Идалго со 75 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 22:30