Напаѓачот на Франција, 19-годишниот Килија Мбапе постигна два гола во натпреварот против Аргентина (4:3) во осминафиналето на Светското првенство и стана само шестиот играч на возраст до 20 години кој погодил во плеј-офот на фудбалски Мундијал.

Денеска Французинот има точно 19 години и 192 дена.

На помлада возраст од него погодиле само Пеле, Мајкл Овен и Џулијан Грин.

Покрај тоа, Мбапе е трет стрелец кој постигнал повеќе од еден гол.

Пред него такво достигнување има Бразилецот Пеле на 17-годишна возраст и Германецот Едмунд Конен на 19-годишна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 05:26