Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез по натпреварот од осминафиналето на Светското првенство-2018 против Португалија (2:1) истакна дека победија тежок ривал, благодарение на посветеноста на сите играчи.

- Ние сме воодушевени од триумфалниот момент, бидејќи ова Светско првенство е на многу високо ниво. Денес беше многу жешко, бев уморен. За целиот тим денешниот натпревар беше вистинска саможртва. Најважно е дека издржавме и сметам дека заслужено сме меѓу осумте најдобри, рече Суарез.

Во четвртфиналето Уругвај во петок на 6 јули, во Нижни Новгород ќе игра против Франција.

Денес на фудбалскиот Мундијал на програмата се уште две осминафинални пресметки. Од 16 часот играат домаќинот Руисја и Шпанија, а од 20 часот почнува натпреварот Хрватска – Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 16:05