Со концерт на Дувачкиот оркестар при МКЦ вечер на локалитетот Три круши во село Драчево, почнува културното лето на општина Кисела Вода „Три круши 2018”.
Настанот, како што информираат од општина Кисела Вода, ќе го отвори градоначалникот Филип Темелковски.
Дувачкиот оркестар ќе се претстави со преработки на светски популарни музички хитови, додека Културното уметничко друштво „Китка“ од Драчево, ќе изведе традиционални македонски ора и песни.
Културното лето на општина Кисела Вода ќе трае до крајот на месецов.