Центарот на Денвер, Никола Јокиќ ќе потпише нов договор со клубот, објавија американските медиуми.

Како што информира „ESPN“ српскиот кошаркар ќе се обврзи на петгодишна соработка со клубот од Колорадо и за тоа време ќе заработи 148 милиони долари.

23-годишниот Србин минатата сезона одигра 75 натпревари во НБА лигата и оствари просек од 18,5 поени, 10,7 скока и 6,5 асистенции по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 20:23