Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ на вечерашниот натпревар против Данска во осминафиналето на Светското фудбалско првенство ќе настапи со копачки направени специјално за овој меч.

На копачките на Манџукиќ стои испишано името на неговиот роден град Славонски Брод.

Со овој чин фудбалерот на Јувентус сака да се потсети на првите фудбалски чекори направени во неговиот роден град.

Натпреварот Хрватска – Данска се игра вечер со почеток во 20 часот во Нижни Новгород.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 20:47