Пласманот на „коцкестите“ во четвртфиналето на Светското првенство меѓу првите го честиташе претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.

Таа доцна синоќа по триумфот над Данска, отиде во соблекувалната на фудбалерите и на сите поединечно со гушкање им оддаде признание за големиот успех.

На Грабар Китаровиќ не и пречеше што некои од фудбалерите беа полуголи.

Во четвртфиналето Хрватска ќе игра со домаќинот на Мундијалот Русија, па останува да видиме дали по тој дуел ќе се радува Грабар Китаровиќ или Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 11:31