На прочуената париска авенија „Елисејски полиња“ вчера вечер првпат е подигнато кино на отворено, а на спектакуларниот екран од 180 квадратни метри прикажан беше филмот „Посетители", во присуство на еден од главните актери - Жан Рено.

Стотина метри пред Триумфалната порта, е поставен екран во ЛЕД технологија, со висока резолуција, тежок шест тони, па авенијата е затворена за сообраќај. Иницијативата е на Националниот кино центар (ЦНЦ) и Одборот за Елисејските полиња, по повод Празникот на киното којшто се одбележува од 1 до 4 јули.

На синоќешната проекција присуствуваа 1.700 луѓе кои со жрепка беа избрани од вкупно 16.000 кандидати.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 19:56