Џејмс Мекавој глуми во американската преработка на „Speak No Evil“ („Не говори лошо“) - дански психолошки трилер-хорор од 2022 година. Филмот ќе се прикажува во киносалите од 13 септември годинава.

Во првиот трејлер за филмот на „Јуниверзал“, навидум симпатичниот пар Педи (Мекавој) и Сијара (Ејслинг Франсиози) се спријателуваат со Луиз (Мекензи Дејвис), Бен (Скут Мекнери) и нивните деца на одмор во Италија. Сѐ тоа добива лош тек кога Луиз и Бен одлучуваат да си заминат...

Режисер на преработката е Леј Ванел, кој го прилагоди и сценариото првично напишано од Кристијан и Мадс Тафдруп.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 05:02