Претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска, Давор Шукер, кој воедно беше и најдобар стрелец на Светското првенство во Франција во 1998 година, смета дека една од причините за раната елиминација на фаворитите на Мундијалот во Русија е заморот кај играчите.

Првиот шок на ова Светско првенство беше испаѓањето на Германија, потоа на Аргентина, а последнo беше неочекувата елиминација на Шпанија.

- Нешто се случува со фаворитите. Погледнете ја формата на Аргентина, Германија и Шпанија. Во ФИФА и УЕФА треба да се бориме да се намали бројот на натпревари. Знам дека телевизиските права се важни, но мора да го намалиме бројот на натпревари. Играчите поради тоа не се среќни, истакна Шукер.

Според него ако не се сменат нештата и по две години на Европското првенство ќе го гледаме истото.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 02:12