Белгија со пресврт и со гол во последните секунди од судиското надополнување ја совлада Јапонија со 3:2 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство во Русија.

Иако Белгија имаше фаворитската улога на натпреварот, сепак потешко од очекуваното стигна до четвртфиналето. Првиот дел помина во релативно израмнета игра и без голови.

Во почетокот на вториот дел Јапонците ја шокираа Белгија и тоа Генки Харагучи во 48-та минута беше прецизен за водство од 0:1, а четири минути подоцна Такаши Инуи зголеми на 0:2.

До крајот на натпреварот Белгијците се консолидираа и го зголемија притисокот врз голот на Јапонија, а по неколку неуспешни обиди во 69-та минута Јан Вертонген намали на 1:2.

Пет минути подоцна Маруан Фелаини израмни 2:2 и ја врати Белгија во игра.

Во последните секунди од натпреварот Насер Чалди постигна гол за победа и во 94-та минута го постави конечниот резултат 3:2

Белгија во четвртфиналето ќе се соочи со Бразил.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 10:01