Демаркус Казинс следната сезона ќе настапува за актуелниот НБА шампион Голден Стејт, објавија американските медиуми.
Договорот вреден 5,3 милиони долари веќе е потпишан и се очекува најновото засилување да им се приклучи на „воините“ по закрепнување од повредата на ногата.
Мината сезона Казинс настапуваше за Њу Орлеанс и имаше просек од 25,2 поени, 12,9 скока и 5,4 асистенции по натпревар.
27-годишниот Американец пред Њу Орлеанс играше за Сакраменто Кингс во периодот 2010-2017 година.