Голгетерот на Колумбија, Радамел Фалкао, беше разочаран по синоќешниот пораз на пенали од Англија, но истовремено им оддаде признание на сите свои соиграчи од репрезентацијата.

- По ваков пораз многу е тешко да се зборува. Сепак ќе кажам дека сум горд на се што направивме заедно со моите соиграчи. Горд сум што сум Колумбиец. Дадовме се од себе за на достоинствен начин да ја претставиме нашата земја, изјави Фалкао.

Колумбија синоќа во Москва беше елиминирана од Англија во осминафиналето на СП, откако противникот беше поуспешен во изведување на ударите од 11 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 09:32