Поранешниот играч на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Љубичиќ во новата сезона ќе ги брани боите на Цибона, објави загрепскиот клуб.

-Добредојде во Цибона, стои во објавата на клупската веб страница на повеќекратниот хрватски и европски шампион.

Во мината сезона Љубичиќ беше дел од Игокеа, а во минатото настапуваше и за Металац Ваљево.

Покрај во регионот, српскиот плејмејкер има и интернационална кариера во Грција, Украина и Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 16:46