Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ и официјално следната сезона ќе биде тренер на кошаркарскиот клуб Астана од Казахстан.
Рајковиќ претходно постигна одлични резултати во полскиот шампионат со Стал Остров, но со казахстанскиот шампион во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите на Азија, како и во ВТБ-лигата против големите руски клубови како ЦСКА, Уникс Казан, Локомотив Кубан.
Во Македонија тој ги тренираше тимовите на Фени Индустри, Работнички и МЗТ Скопје.