Хуавеј патентираше паметен часовник во кој се сместени блутут слушалки. Се уште нема информации за иднината на Хуавеј Вач 3, односно нема официјален датум за тоа кога ќе биде пуштен во продажба, но минатата недела тие патентираа интерсно решение коешто може да го видиме во следниот смартвач.
Се чини дека компанијата се колеба околу две опции за монтирање слушалки на часовникот. Првата предвидува тие да се стават во придружна капсула, а пак, втората - да се сместат во самиот часовник, прицврстени со магнети.
Покрај безжичната мрежа, слушалките ќе бидат водоотпорни и ќе имаат можност да го намалат амбиенталниот шум. Идејата е корисниците да можат полесно да обавуваат разговори.
Патентот е одобрен на 28 јуни од Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization) и ни сугерира што можеме да очекуваме од наследникот на Хуавеј Вач 2.
Но, дали овој патент ќе ја види светлината на денот? Хуавеј очигледно разгледува различни идеи за идниот паметен часовник. Во мај, тие објавија патент за гејмерски паметен часовник. Во однос на ова, се уште не се соопштува што всушност ќе ни биде претставено, но тоа остава отворена можност да видиме различни модели.