Раководството на Лос Анџелес Лејкерс се откажало од ангажман на Демаркус Казинс поради повреда, објави Њјуорк Тајмс.

Според весникот, во Лејкерс се убедени дека поради повреда, Казинс нема да може да игра до почеток на следната година.

„Езерџиите“ сакаат да имаат конкурентен тим уште од стартот на сезоната, па затоа отпаднала идејата за ангажман на Казинс.

Кошаркарот подоцна се одлучи да го стави својот потпис на договор со актуелниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 11:08