Доаѓањето Леброн Џејмс во Лос Анџелес лејкерс значи дека двете најдобри екипи во НБА лигата нема да се соочат во големото финале, бидејќи најквалитетните играчи и тимови се концентрираат во Западната конференција.
Поради тоа во НБА се размислува во плеј-офот да играат 16-те најдобри екипи без разлика од која конференција доаѓаат.
Доколку се усвои овој модел овие тимовите ќе треба да поминат многу повеќе километри за време на натпреварите. Комесарот Адам Силвер, кој и претходно го застапуваше овој модел, нагласи дека единствено е загрижен за бројот на патувањата.
- Мислам дека патувањата се навистина голема пречка. Ако тоа го воведеме тимовите ќе мора да патуваат низ целата држава, истакна Силвер.
Вкупната должина на патувањата на сите тимови за време на плеј-офот е 150 илјади километри, но со новиот систем тие би поминале над 200 илјади километри. Интересно е дека женска професионална кошаркарска лига ВНБА од 2016 година го воведе системот на плеј-оф без конференции.