Почна поставувањето справи за рекреирање во 10 активни зони за вежбање во населбите низ Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во реализацијата на проектот во населбата Автокоманда, каде што го промовираше и овој нов проект.

- Имаме десет локации кои беа одбрани од Општина Штип на кои веќе се монтираат вакви справи за активно тренирање и вежбање. Справите ќе бидат достапни за граѓаните 24 часа и ќе бидат поставени во неколку урбани заедници во градот, населба Леваци, до спортското игралиште, Широк Дол, во склоп на постојните спортски игралишта во населбите Ново Село, Стар Караорма, Дузлак, во рамки на постојните спортски игралишта, Сењак 3, Паркот до полицијата, населба Баби, во паркот до ООУ „Славејко Арсов“, населба Осми Ноември и Три Чешми, вели Бочварски.

Активните зони ќе бидат активни 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории кои имаат желба за рекреација и спортување. Конструкцијата е монтажно демонтажна. Taa се сости од шест различни финтес справи поставени на бетонски темели. Проектот чини три милиони денари, средства издвоени од буџетот на Општина Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 21:41