Белгискиот репрезентативец, Румелу Лукаку изјави дека претстојниот четвртфинален натпревар против Бразил не е најважниот во неговата кариера, бидејќи при победа, на Белгијците им претстојат многу поважни средби. Белгија и Бразил влегуваат во спор околу местото во полуфиналето на Светското првенство 2018 утре, 6 јули во Казан во 20 часот. - Се подготвуваме да играме против Бразилците како тим. Имаме добар состав и располагаме со сѐ, за да ја завршиме работата. Утре ќе играме против најдобриот тим на шампионатот, но ова ќе биде тест за нас, рече Лукаку пред натпреварот. Тој не се сложи со констатацијата на новинарите дека ова е најважниот натпревар во неговата кариера. - Не мислам така. Ако победиме, по неколку дена можеме да имаме уште поважен натпревар. Сфаќаме дека имаме тежок ривал, но веруваме во себе и веруваме дека сме доволно силни. Ние ќе се потрудиме да победиме, додаде напаѓачот на Манчестер Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:47