Рускиот претседател Владимир Путин се состана во Кремљ со легендарни фудбалери од различни земји. На состанокот присуствуваа Звонимир Бобан, Марко ван Бастен, Хорхе Кампос, Лотар Матеус, Диего Форлан, Питер Шмајхел, Рио Фердинанд и други. Легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Марадона, кој е официјален гостин на Светското првенство во 2018 година во Русија, не беше меѓу присутните. На состанокот исто така се вклучи и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и првиот заменик-претседател на Руската фудбалска асоцијација, Никита Симонијан.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 16:23