Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Пјонгјанг се сретна со севернокорејскиот функционер Ким Јонг-чол, со кого разговараше за начините за ликвидирање на нуклеарната програма на Северна Кореја.
На средбата Помпео-Ким, која траеше час и половина, станало збор и за враќање на посмртните останки на американските војници кои загинале за време на Корејската војна во 50-те години на минатиот век.
Ким Јонг-чол, кој е поранешен началник на севернокорејското разузнавање, имаше клучна улога во организирањето на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур минатиот месец.
Помпео по средбата изјави дека „сака да пополни некои празнини“ во врска со обврските на Северна Кореја за денуклеаризацијата, како и да го задржи импулсот за спроведување на договорот од Самитот во Сингапур.
Помпео во Северна Кореја ќе остане ден и половина и првпат ќе преспие во земјата.
Засега е неизвесно дали Помпео ќе има средба и со севренокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Од Севеена Кореја, Помпео утре ќе отпатува за Јапонија, каде ќе ги информира јапонските и јужнокорејските власти за текот на разговорите во Пјонгјанг.