Гугл на секои три месеци ја ажурира својата селекција на најдобри апликации и игри во својата онлајн платформа. Специјален тим на вработени на компанијата го прави изборот и се грижи за квалитетот на „Android Excellence“ делот во „Гугл Плеј“.

За да се најдат во „Android Excellence“ листата, апликациите мора да имаат регистрирани одреден број преземања и продажби. Критериумите се: кориснички интерфејс, уникатни одлики околу дизајнот и оптимизација за што поголем број мобилни уреди. Јулското ажурирање вклучува 21 наслов.

Корисниците можат да ги искусат можностите на седум игри и 14 други мобилни апликации за коишто компанијата верува дека ги нудат најдобрите карактеристики за пазарот на Андроид. Еве што препорачува Гугл:

Апликации:

Beelinguapp

Fortune City

BTFIT

Letras.mus.br

LingoDeer

Memrise

PicsArt

Pocket Casts

ShareTheMeal

The Mindfulness App

Tokopedia

Trello

VivaReal

Wynk Music

Натаму, компанијата ги советуваше љубителите на видео игри да испробаат и седум наслови кои се карактеризираат со иновативен дизајн и функции, како и својства што обезбедуваат максимална забава со паметните телефони. Тие се следните:

Animal Crossing™: Pocket Camp

Cash, Inc.

Flutter: Starlight

Shadow Fight 3

Shadowgun Legends

War Heroes

World of Warships Blitz.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 18:28