Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга денеска беа врачени наградите „Крсте Чачански“, „Јован Котески“ и „Книжевна далга“ во рамките на 8. манифестација „Струшки книжевни средби“ на годинашните добитници Владимир Плавевски, Елена Пренџова, односно Виктор Шеќероски.

Наградените автори ги прими градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, додека на доделувањето на наградите присуствуваше секретарот на општината Соња Стојкоска.

Манифестацијата продолжува вечер во Вевчани во Спомен куќата на Михајло Пупин, каде ќе биде доделена и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите, како и наградата „Струшко слово“ на Никола Шимиќ Тонин од Хрватска и Јордан Ѓорчев од Македонија, Пред учесниците, поздравна реч, ќе има градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

За утре најавен е прием кај градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, како и на природниот резерват „Сини Вирој“ и посета на родната куќа и „Спомен собата“ на писателот Ванчо Николески во селото Црвена Вода. Претседателот на Собранието на ДПМ, Христо Петрески и поетот и член на Светската академија на поеззијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, ќе откријат Спомен плоча на куќата на Ванчо Николески. Учесниците ќе имаат можност да ги разгледаат и делата од ликовната колонија „Дебрца“.

На годинашната манифестација „Струшки книжевни средби“ учествуваат поети од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 05:09