Раководството на Лос Анџелес Лејкерс е уверено дека Каваи Ленард ќе го облече нивниот дрес, но нагласуваат дека не сакаат да прават избрзани чекори.
Најпознатиот и најинформираниот американски новинар за НБА лигата, Адријан Војнаровски, тврди дека Лејкерси немаат намера да ги исполнат барањата на Сан Антонио Спарс, односно во замена за Ленард на клубот од Тексас да му испратат неколку талентирани играчи.
Наводно Спарс ги побарале Бреднон Инграм, Кајл Кузма, Џош Харт и правото на избор на два пика во првиот круг на драфтот, што е сосема неприфатливо за Лејкерс.
Меѓутоа, во Лос Анџелес не се откажуваат од намерата да го донесат Ленард и очекуваат следното лето да го добијат бесплатно, бидејќи ќе стане слободен играч.
Лејкерс неодамна ги ангажираше Леброн Џејмс, Ражон Рондо, Ленс Стивенсон и Џавал Мекги.