Познатиот пејач Влатко Илиевски кој ноќеска беше пронајден мртов во својот автомобил, ќе биде погребан утре, на 08.07 на гробиштата во општина Ѓорче Петров.

Телото на Илиевски ќе биде изложено за последен поздрав во капелата од 11 до 12 часот, соопшти неговото семејство.

Според соопштението на МВР, Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали.

Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 14:25