Полицијата вчера приведе три лица од Кавадарци поради кражба од нива, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа.
По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.