Светското првенство во Русија е петти Мундијал во историјата каде првите четири екипи во конечниот пласман ќе бидат од Европа.

Како што е познато, по елиминацијата на Бразил и Уругвај, преостанатите четири состави се од Стариот континент - Франција, Белгија, Англија и Хрватска. Така, прв пат по 2006 година меѓу првите четири тима на планетата нема да има состав надвор од Европа.

За последен тоа се случи пред 12 години во Германија, кога Италија триумфираше на пенали против Франција, а домаќините од Германија ја победија Португалија во битката за бронзениот медал.

Интересно е дека претходните четири пати кога најдобрите четири репрезентации беа од Стариот континент, секогаш Мундијалот се одржувал во Европа. Три пати шампион станувала Италија, а еднаш Англија.

Во 1934 година, кога Италија беше домаќин, а во 1966 година, кога Англија беше домаќин, во двата случаи домаќините го кренаа Купот. Во 1982 година, Италија повторно дојде на врвот во Шпанија, а „аѕурите“ триумфираа и 24 години подоцна во Германија.

Друг интересен факт е дека во претходните четири наврати, Германија секогаш доаѓа до полуфиналето, а оваа година првпат не ги мина групите.

Претходни СП со четири полуфиналисти од Европа:

Домаќин: Германија 2006 - Италија, Франција, Германија, Португалија

Домаќин: Шпанија 1982 - Италија, Германија, Полска, Франција

Домаќин: Англија 1966 - Англија, Германија, Португалија, СССР

Домаќин: Франција 1934 - Италија, Чехословачка, Германија, Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 22:59