Репрезентативецот на Бразил, Паулињо по поразот со 1:2 од Белгија во четвртфиналето на Мундијалот 2018, изјави дека поразот е потежок од оној против Германија пред четири години.

Тогаш „селесао“ отстапи со 1:7 пред Бундестимот во полуфиналето на домашното Светско првенство.

- По поразот од Германија во 2014 година се чувствував ужасно, но да го прифатам поразот од Белгија ми е дури потешко. До последната секунда се боревме, бевме подобриот тим и е ужасно дека изгубивме, рече Паулињо по средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 23:42