Поранешниот играч на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант не штедеше пофални зборови за генералниот менаџер на клубот, Меџик Џонсон, кој беше најзаслужен за привлекувањето на големата ѕвезда на НБА, Леброн Џејмс.
Според Брајант, Џонсон заслужува втора статуа пред салата на тимот „Стејплс Центар“. Генералниот менаџер на Лејкерс веќе има една таква која беше поставена во 2004 година.
- Размислете за секунда колку многу направил Меџик за Лејкерс. Тој стана пет пати шампион, три пати ја освои МВП наградата, беше тренер на тимот, а сега откако стана претседател на кошаркарските операции на клубот, успеа да го привлече и Леброн Џејмс. Не знам што мислат сопствениците на клубот, но овој човек заслужува втора статуа пред „Стејплс Центар“, рече Брајант во етерот на „ЕСПН“.