Кошаркарот на Химки, Тајлер Ханикат е убиен во неговиот дом во Калифорнија, при престрелка со локалната полиција.

Американските медиуми јавија дека, Ханикат наводно пукал кон припадниците на полицијата, па се затворил во неговиот дом, а потоа полицијата возвратила на огнот.

- Специјалната единицата влезе во домот на Ханикат и го пронајде неговото тело без знаци на живот. Итната помош констатираше смрт, наведоа од полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 00:47