Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз и легендарниот голгетер, Давор Шукер беше исклучително задоволен по победата на репрезентација против домаќинот Русија со 4:3 по изведувањето на пенали.
Доцна синоќа „коцкестите“ се пласираа во полуфиналето на Мундијалот 2018. а за место во финалето ќе играат против Англија.
- Беше големо задоволство да бидам заедно со тимот, да разговарам со нив по натпреварот. Се разбира дека сите сме исклучително задоволни. Сега ни претстои натпревар против Англија. Тие многу се променија во последните години и тоа ми се допаѓа, но ние не мислиме да се предадеме, изјави Шукер.
Тој ги пофали домаќините за одличната организација на првенството.
- Се чувствувам прекрасно, големо задоволство е да бидам тука, чувството по победата е прекрасно. Сè на првенството е организирано прекрасно, бевме во неколку различни градови и сè е на високо ниво. Зошто фаворитите испаднаа од турнирот? Германија, Шпанија и Бразил отпаднаа, бидејќи тоа не е обично првенство, тоа е Светското првенство, прокоментира уште Давор Шукер.