Селекторот на Русија, Станислав Черчесов повторно беше доста остар во комуникацијата со новинарите по поразот од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот 2018.
„Зборнаја“ отстапи по пенали, а на Черчесов не му се допаднаа дел од поставените прашања.
- Тоа што ги изразувам своите емоции, не значи дека сум незадоволен од фудбалерите. Не разбирам зошто секогаш барате нешто негативно. Не војувавме, туку игравме фудбал, при тоа против многу добар тим. За жал, дозволивме многу глупав гол за 1:1, имаше и други грешки, рече Чертсов веднаш по мечот во Сочи.
Тој додаде дека тимот работел максимално посветено за време на Мундијалот.
- Покажавме карактер во текот на целиот шампионат и тоа ме прави горд. Работевме со максимална посветеност. Денеска уште еднаш моравме да играме 120 минути. Целосно сум задоволен со тимот. При пеналите, избрав да шутираат оние кои беа најподготвени и што имаа најмногу сила. Ги мотивирав момчињата со зборови пред исполнувањата. За жал ние не продолживме понатаму, додаде Черчесов