Компанијата „Лантерн капитал партнерс“, која го купува филмското студио на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин откако тој банкротираше, соопшти дека прифаќа да ги исплати заостанатите хонорари, меѓу кои и на глумците како што се Роберт Дениро и Мерил Стрип.

Договорот е постигнат при купувањето на студиото „Вајнстин Ко“, вредно 289 милиони долари.

Следно, договорот треба да биде одобрен од судија, а рочиштето е закажано за во среда.

Де Ниро и Бредли Купер изјавија дека студиото на Вајнстин на секого поединечно, за филмот „Во добро и во зло“ му должи по 940.706 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 23:23