Сите документи од страна на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид во врска со трансферот на Лука Дончиќ во Далас веќе се комплетирани.

Така топката сега е во полето на американскиот клуб, кој треба да ги заврши потребните процедури за да може словенечката сензација да започне тренинзи со тимот за Летната лига на НБА. Во моментов, 19-годишниот бек се подготвува самостојно.

Привлекувањето на Дончиќ ќе ги чини „телињата“ два милиони долари. Тоа е клаузула за откупување во неговиот претходен договор со шпанскиот тим.

Лука ќе потпише стандарден дебитантски договор со тимот од Тексас, а откако беше избран под бр.3 во Драфтот, неговата плата ќе биде во износ од 5,5 милиони долари во првата сезона од договорот, 6.4 милиони во втората и 6.7 милиони во третата.

Словенечкиот репрезентативец веќе не фигурира во клубскиот сајт на тимот од Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 23:23